СТАНБЕНО – ДЕЛОВЕН ОБЈЕКТ НА УЛ. ОСЛО / БРУТ
13.06.2025 • XXI век

Студио: Биро Брут
Инвеститор: Лапиз Дарваге
Категорија: Станбено-деловен објект
Локација: Карпош, Скопје
Класа на Намена: А1
Катност: П+2+Пк
Бруто Површина: 1.490 m2
Нето Површина: 1.174 m2
Ефикасност: 0.79
Година на проектирање: 2023
Година на изведба: 2024/25
Соработници: Дејан Ивановски – Фаза Статика / Андреа Глигуровска и Борис Стерјов – Фаза Водовод / Викас ДОО – Фаза Електрика
ПРОЕКТАНТСКИ АСПЕКТИ
Проектот опфаќа две градежни парцели, интегрирани во една проектантска целина, како дел од низа објекти во линеарна композиција. Пешачкиот и колскиот пристап до објектот се обезбедени од северната страна на парцелата, преку длабок трем по целата должина на објектот.
При заедничко користење на подрумското ниво на објектот се овозможува ефикасно сообраќајно решение. На ниво на приземје се проектирани деловни единици со јужна ориентација, додека пак на останатите катови од објектот се организирани станбени единици.
Централно поставеното скалишно јадро овозможува максимално искористување на дневна светлина во главните просторни целини на станбените единици. Влезот на секој стан функционира како централна раскрсница, овозможувајќи лесен пристап до просториите на станот со јасна поделба на приватни и јавни зони.
ФУНКЦИОНАЛЕН ИЗРАЗ
Фасадата на објектот рефлектира внимателно проектирана внатрешна организација на станбените единици, истакнувајќи функционалност и естетска хармонија. Еркерните испусти овозможуваат заштита од атмосферски влијанија, додека големите прозорски отвори компензираат за ограничената ориентација на објектот кон само две фасади.
Калканските ѕидови обезбедуваат приватност за широките тераси, распоредени по целиот обем на објектот. Дополнително, терасите се збогатени со жардињери, во улога на зелена зона помеѓу внатрешниот и надворешниот простор.
ЕСТЕТСКИ ПАРАМЕТРИ
Фасадните материјали се внимателно одбрани, со цел да го нагласат и надополнат архитектонскиот израз на објектот. Општата симетрија овозможува визуелен баланс на фасадниот изглед, создавајќи хармонична композиција.
ТОТАЛ ДИЗАЈН
Покрај изработка на архитектонски проект, за оваа станбена зграда, нашето студио беше ангажирано и за изработка на ентериерно уредување на еден од дуплексите. Предвремена изработка на проект за ентериер ни дава предност во рана фаза да направиме проектантски одлуки кои ќе резултираат со голема финансиска заштеда на целокупниот изведбен процес.
ИЗВЕДБЕН ПРОЦЕС
Нашиот проектен процес се темели на детална разработка на сите поединечни елементи кои го сочинуваат проектот. Позади секој објект стои тим од стручни лица кои преку меѓусебна соработка придонесуваат за успешна реализација на објектите кои ги проектираме.
Изведбените проекти овозможуваат подобро планирање на изведбениот процес, прецизна динамика на градежните активности, како и јасна анализа за економската исплатливост на објектот.
Изведбата на објектот е планирана да се заврши до крајот на 2025та година.

Автор на статија: Filip Koneski
Биро Брут / зграда / Објект за колективно домување / Скопје / ул. Осло