Стара Битолска Чаршија -Историско урбан развој Урбано архитектонски карактеристики” / Алтипармаков, Гeоргиева

Наслов: „Стара Битолска Чаршија -Историско урбан развој Урбано архитектонски карактеристики”

Автори: Зоран Алтипармаков, Надежда Гeоргиева

Превод на Француски: Le Courrier des Balkans, Калиопа Стилиновиќ

Рецензенти на францускиот текст: Бинту Бамба, Лудивин Баску, Марилиз Ортиз

Дизајн: Парговски Јове

Печати: Графопром Битола

Тираж: 500

Година: 2013

Фокусот на денешната објава од полето на литературата е труд на Зоран Алтипармаков и Надежда Гeоргиева кој за своја тема го разглелдува историско урбаниот развој на Старата битолска чаршија како и урбано архитектонстките карактеристики.  Трудот го врамува историскиот развој на градот Битола од античко време па се до 20тиот век и ги документира и анализира архитектонските карактеристики на поединичните објекти и самата чаршија.

Проектот е финансиран од Националната асоцијација на градови на историја и уметност и градови во заштитни зони со поддршка на Министерството за култура и комуникации и Министерството за надворешни работи на Франција.

Публикацијата можете да ја превземете на следниот линк: