STOGOVO 14/ АТТИКА АРХИТЕКТИ

Студио: АТТИКА АРХИТЕКТИ

Автори: Бојан Тасев, Никола Томевски

Година: 2017

Локација: Скопје

Површина: 1100 м2

Фотографија: Владимир Мирчевски

www.attika.mk

 

3d визуелизација

 

Објектот е позициониран во соседство каде повеќето од структурите се ниски во висина. Околината се развива со семејни и повеќесемејни куќи и висина од два ката со поткровје.

 

Ситуација

 

Стогово 14 ( 14АБ) претставува развој на станбен објект со 12 ст. единици, кровна тераса и подземен паркинг за возила, со впечатлив и уникатен дизајн.

 

Основа на приземје

 

Парцелата воглавно е ориентирана север – југ со отворен поглед, додека страните се насочени кон соседите. Инвеститорот посака објект кој ќе ја подигне свеста за резиденцијалното домување и важноста на архитектурата.

 

Основа на прв кат

 

Главната стратегија позади овој проект е фокусот на внатрешните главни простории кон надворешноста и контактот со неа, додека споредните површини се поставени кон соседите. Сите прозори се ориентирани на јужната страна но заштитени со стреи од јакото сонце, додека во долната зона се поентира на зеленилото. Чистата и разиграната геометрија на формите и елементите се јасно расчленети како по хоризонтала така и по вертикала.

 

Основа на поткровје

 

Објектот е изведен во армирано бетонска конструкција и термоизолациона фасада. Покривот е финиширан со пластифициран лим, додека терасите се оплеменети со гранитни плочки. Оградата е изведена од челични профили боени со електростатски процес за корозивна заштита.

 

Пресек/ Изгледи

Прочитајте повеќе :

  • Номинација за награда 2019 European Union Prize for Contemporary Architecture – Mies van der Rohe Awardhttps://miesarch.com/work/3940