Студија за неискористени објекти кои се атрактивни за странски инвеститори / Туристика, 2019
11.01.2025 • Истражување

Наслов: Студија за неискористени објекти кои се атрактивни за странски инвеститори
Автори: работен тим од Туристика Скопје – Дејан Методијески, Оливер Филипоски, Емилија Тодоровиќ, Милена Талеска, Славица Димовска, Чедомир Димовски, Нако Ташков, Кристијан Џамбазовски, Никола Цуцулески, Младен Мицевски.
Нарачател: Министерството за економија на Република Северна Македонија – Сектор за Туризам и Угостителство
Фотографии: Драган Таневски
Архитектонски предлог проекти: Гордан Петров, Александар Петановски
Дизајн: Стојан Каевски
Лектор: Толе Белчев
Година: 2019
Ви претставуваме истражување од 2019 година, кое има за цел да идентификува објекти со значителен туристички потенцијал кои би можеле да привлечат странски инвеститори и да придонесат за економската и културната ревитализација на земјата.
Преку теренски истражувања, интервјуа и анкети со претставници од локалните власти, идентификувани се дваесетина одбјекти во сопственост на државата, за кои се собрани генерални информации и предлози за идна пренамена.
Овие објекти се распределени во осум плански региони на Северна Македонија, меѓу кои:
– Вардарски регион: Клуб на офицери во Велес, Културен центар во Криволак и Старото училиште во Ѓуземелци.
– Југоисточен регион: Поранешен детски дом во Велјуса, вила во Смрдлива Вода и поранешната зграда на радио и ТВ во Гевгелија.
– Пелагониски регион: Културен центар во Добрешеvo, училишна зграда во Мојно и Старото училиште во Кривогаштани.
– Полошки регион: Детски одмориште „Бунец“ во Маврово.
– Североисточен регион: Месната заедница во Орашанац, црковни сместувања во Матејче и зграда на Црвениот крст во Кратово.
– Скопски регион: Месна заедница во Автокоманда, Старото училиште во Кучково и Културен центар во Булачани.
Дел од личните карти на објектитеж
Постоечка состојба и предлог проект за стариот објект на Радио Штип
Студијата има свои ограничувања, како нејзиниот фокус наменет за странски, наместо општо за било какви инвестиции. Потоа анализите на објектите воопшто немаат детални технички проценки, ниту од финансиски ниту од општо прагматичен и градежен аспект.
Многу од идеите, како што е предложениот центар за обука на млади во пропаднатото Старо училиште во Ѓуземелци или пренамената на Културениот центар во Булачани во идни сместувачки капацитети, отвараат огромни сомнежи за изводливост и фанансиска одржливост. Станува збор за обејтки во многу периферни локации без речиси никаков туризам, кои дополнително се во многу лоша (или недовршена) градежна состојба.
Старо училиште во Ѓуземелци
Но, без оглед на овие ограничувања, студијата претставува важен прв чекор во започнувањето на разговори на општата тема за пренамена на напуштените објекти во Македонија. Некои предлози се издвојуваат како навистина реалистични, како што е претворањето на Вилата во Вевчани во хостел за млади или трансформацијата на поранешната зграда на радио и телевизија во Гевгелија во нов ресторан.
Офицерскиот дом во Велес
Денес, повеќе од пет години по објавувањето на студијата, повеќето од објектите остануваат напуштени и во разурнување. За пример, детското одмориште „Бунец“ во Маврово и стариот објект на Радио Штип сè уште не покажуваат знаци на инвестиции или развој.
Сепак, има и една донекаде успешна приказна на старото училиште во Кучково, кое сега се пренаменува во Регионален центар за рехабилитација.странс
Старото училиште во Кучково
За нас е значително интересна оваа студија, бидејќи не запознава со некои интересни примери од македонското наследство низ различни делови на државата со кое досега сме немале шанси да се сретнеме. Таков пример е објектот на Месната заедница во с. Орашанац, старата училишна зграда во с. Кривогаштани, објектот на Радио Штип и Офицерскиот Дом во Велес.
Месната заедница во с. Орашанац
Интернат на ОУ „Гоце Делчев“ во с. Вељуса

Автор на статија: Ноеми Чаусидис
Министерство за економија / напуштени простори / ревитализација / туризам / туристика