Западна железничка траса и нејзините железнички станици /1919 – 1966

Извор: Лична архива на Науме Јаканоски од Струга; Македонски Железници; Declampe.net

Западната железничка траса Скопје – Охрид функционирала од 1919 до 1966 година. Вкупната должина изнесувала 163 km, а во периодот додека функционира на местата каде поминувала биле израдени/обновени вкупно 201 објект, 48 мостови и 36 крстосници. Во нејзината изградба и изградбата на нејзините попатни станици учествуваат различни градители, согласно тогашните власти, дел од нив се Германските војници, Бугарските војници, Војниците на Кралевина СХС како и принудено Македонско население.

1a

naslovna

Трасата почнувала од Скопје (Mала станица) преку Генерал Харис (Ѓорче Петров) каде се двоела на два крака:
Прв крак во должина од 22,6 km Скопје – Орашје каде што на двете последни станици се вадела и товарела хромова руда од рудниците на Радуша.
Втор крак Скопје – Подмоље преку Тетово , Гостивар, Кичево. Овој крак е најстрмниот и најтешко достапниот предел, на кој пругата се искачувала и до надморска височина од 1180м помеѓу станиците Сретково-Тајмиште-Буковиќ.
Трет крак Подмоље – Охрид со должина од 7 km продолжувал покрај самиот брег на Охридското езеро, и завршувала на станицата и ложницата во Охрид.
Четврт крак Подмоље-Тасмаруништа. Од станицата на Подмоље преминувајќи го Црн Дрим по железниот мост, пругата стигала во Струга, од каде што паралелно на реката достигнувала до крајната станица Тасмаруништа која била на 30 km од Дебар.

3

Растојанието Скопје – Охрид овој воз го поминувал за околу 22 часа, со оглед на пределите низ кои минувала пругата, која што е редок инженерски потфат. Персоналот на една патничка композиција од 600 милиметарската линија се состоел од по еден машиновозач, ложач и возоводач и два кочничара, додека самата композиција од локомотива, товарен вагон и четири патнички вагони.

4

Железничка станица Бериково

5 бериково

Железничка станица Тајмиште

20 Ѓоновица

Железничка станица Кичево

7 кичево

8 кичево

Железнички  станици Извор и Пресек

9 10 Izvor i Presek

Железничка станица Арбиново

11 Арбиново

Железничка станица Охрид

12 охрид

13 охрид

14 охрид

Железничка Станица Струга

15 струга

16 струга

Железничкиот мост на Црн Дрим

17 железнички мост

18 мост

19 жел мост струга

Во 1966 година е одржан референдум за укинување на “Комплексниот погон Гостивар” и ликвидација на теснолејката. Последниот воз од Охрид кон Гостивар тргна во Мај 1966 по кој пругата престанува со работа и е демонтирана.

20 Ѓоновица

Материјалот го приложи и обработи: Стојаноска Софија

Автор на статија: