Културни огласници
12.03.2015 • Урбана опрема
Сигурно сте ги начекале на плоштадот Македонија, Рекорд и други прометни позиции во градот. Изработени во бетон, излиени во шаблон и модуларни како би можеле да се групираат и организираат полесно, слободностоечки структури – ѕидови за објава ( можеби претходници на facebook 😀 ).
Културните огласници некогаш беа прозор за културни настани, на кои се објавуваа постери за концерти, опера и балет, театар, забава или отварање на нов локал. Денес често празни, се додека не се појават изборите, кога се облепуваат со пропагандни пораки. Секако, тие се спомен на своето време, но сеуште функционални. Чекаат некој да објави нешто 🙂
Автор на статија: marh