Повторно распишан конкурсот за идејно решение за „Луна парк”
21.05.2015 • Информации
Повторно е распишан конкурсот за избор на идејно решение за изгледот на забавниот парк во Скопје, со датум на објава 05.05.2015. Крајниот рок за доставување на трудовите е 09.06.2015 година. За новиот конкурс со старите правила оставен е простор од само еден месец и 4 дена. На претходно поништениот конкурс, се пријавија само 3 кандидати, од кои еден беше дисфалификуван поради доцното предавање. Тогашната комисија изјави: “Конкурсната комисија, по спроведената евалуација, го поништи конкурсот од причина што ниту еден конкурсен труд не ги исполнува условите и барањата од конкурсната документација. Град Скопје дополнително ќе донесе одлука како ќе продолжи постапката за изработка на идејно решение, а потоа и за изградба на нов забавен парк”, велат од кабинетот на градоначалникот Коце Трајановски (пренесува дневниот весник „Вест”)
„Луна паркот“ е изграден во 1973 година и е распослан на околу 20.000 квадратни метри. Дел од реквизитите се одамна уништени а некои со крајни маки и импровизации се одржуваат за да функционираат, иако се сериозна безбедносна опасност за посетителите.
Автор на статија: marh