Пропадна конкурсот за избор на идејно решение за „Луна Парк”

На конкурсот пристигнале вкупно 3 труда, од кои 1 во почетокот е дисквалификуван поради предавање по крајот на рокот. Конкурсот пропаднал  бидејќи ниту едно од двете, коректно предадени идејни решенија, не ги исполнувало условите и барањата од конкурсната документација.
“Конкурсната комисија, по спроведената евалуација, го поништи конкурсот од причина што ниту еден конкурсен труд не ги исполнува условите и барањата од конкурсната документација. Град Скопје дополнително ќе донесе одлука како ќе продолжи постапката за изработка на идејно решение, а потоа и за изградба на нов забавен парк”, велат од кабинетот на градоначалникот Коце Трајановски (пренесува  дневниот весник „Вест”)

Дискутабилен е недостатокот на конкурсните решенија, кои се целосно одбиени на крајот на рокот за соопштување резултати. Недостаток во конкурсната документација- прилози според конкурсна задача,  се утврдуваат веднаш по отварањето на папките што не соодвествува со тајмингот еден месец по  предавање.

Автор на статија: