Св. Никола во Варош / Прилеп 1299

Година: 1298/99

Ктитори: Вега, синот Капза и неговата сопруга Марија (во времето на царот Андроник II, Михајло IX и царицата Ирина)

Локација: Варош, Прилеп

Извор:  www.oldprilep.com

Sv Nikola Varos_5 Божидар Карасторанов

Црквата „Свети Никола“ се наоѓа во населбата Варош, во близина на црквата „Света Богородица-Пречиста“.

Sv Nikola Varos_локација

Црквата претставува едноставна, еднокорабна градба со тространа апсида однадвор, засводена со полукружен свод. Со своите релативно мали димензии и нагласената височина, таа е блиска на црквите во Костур. Градена е од неделкан камен, а горните партии се изведени во богата керамопластична декорација.

Sv Nikola Varos_12

Sv Nikola Varos_7 Sv Nikola Varos_9

Sv Nikola Varos_2

По своите композициони решенија, извесни иконографски особености, изразитиот жив и богат колорит, живописот на оваа црква се вбројува меѓу најдобрите остварувања од крајот на XIII век во Македонија. Во фресконатписот, што се наоѓа над прозорецот на јужниот ѕид од внатрешната страна, напишано е дека црквата била подигната во 1299 година.

По најновото толкување, во натписот се споменува дека црквата е подигната од ктиторот Вега, синот Капза и неговата сопруга Марија, во времето на царот Андроник II, Михајло IX и царицата Ирина, во 1298 година, во месец ноември.

Sv Nikola Varos_11

Кон крајот на XII век и првата половина на XIII век, црквата „Свети Никола го добива денешниот изглед. Затоа се смета дека живописот во апсидата, што се истакнува со своите карактеристики, кои му одговараат на стилот од последниот период на сликарската епоха на Комнените, потекнува од крајот на XII и почетокот на XIII век. Композициите во апсидата: „Поклонување на Агнецот“ и „Богородица Ширшаја Небесна“, имаат сличности со живописот на Курбиновската црква „Свети Георгиј“, која е живописана во 1191 година. Во долната зона насликани се фигури од светии и свети воини во цел раст. Во вториот појас сместени се композициите со сцени од „Христовите страдања“, а во третиот „Големите Празници“. На сводот претставени се ликовите на пророците во цел раст, додека во нишата над западниот влез однадвор, насликан е ликот на свети Никола, патронот на црквата.

Sv Nikola Varos_16

Sv Nikola Varos_15

Ликот на свети Никола веројатно потекнува од XIII век, додека другата фреско-икона, која исто така се наоѓа на западната фасада, потекнува веројатно од XVII век.

Иконостасот во црквата „Свети Никола“ направен е пред 15 години и претставува импровизација. Истиот нема уметничка вредност. Од оригиналниот иконостас сочувано е само северното крило на царските двери.

Sv Nikola Varos_1

Црквата своевремно поседувала повеќе икони од разни периоди (од XIV до XIX век). Најпознатата и највредна икона „Взиграние младенца“ пренесена е во уметничката галерија во Скопје. Неколку повредни икони се наоѓаат во депото при Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј Прилеп. Денес на иконостасот се наоѓаат четири престолни икони: Господ Исус Христос, Пресвета Богородица, Свети Јован Крстител и Свети Никола. Иконите се изработени во темпера, на гипсан грунд врз штица. Авторот на иконите е непознат.

Sv Nikola Varos_13 1928 Љубомир Ивановиќ

Oригинална објава проследете ја тука 

Автор на статија: