Адаптација и реконструкција на поткровје / Танчески
22.09.2016 • Ентериер и мебел
Локација: Скопје
Година на проектирање: 2014
Година на изведба: 2016
Aвтор: Танчески Огнен
Фотографии: Андријана Тилиќ, Гоце Ефтимов
Контакт: tognen@gmail.com
Проектна задача : Адаптација и реконструкција на поткровје од деловен објект и негово ентериерно уредување
Изведување градежни работи за промена на организацијата на просторот од постојниот објејкт, замена на уреди, опрема и инсталации, технолошки системи, како и надополнувања за исполнување на основните барања на градбата со кои се менува усогласеноста на градбата со нејзиниот проект.
Хотелот го сочинуваат неколку содржини: 1. влезна партија 2. прием 3.лев и десен централен коридор 4. утилити 5. бифе 6. соби (апартман, еднокреветни, двокреветни, трокреветни соби).
Концепирањето на овие содржини се темели врз создавање единечни просторни елементи со помош на импровизации, комбинирање на веќе определени материјали и reuse техники.
Ентрето/ е вертикално озеленето создавајќи визуелен след на панорамиката која ја поседува неговата ориентираност кон Водно.
Рецепцијата е позиционирана под сводниот дел на конструкцијата, a плафонот е обложен со перфориран бакар, кој со меките и племенити својства го обликува приемниот волумен.
Источниот и западниот коридор се анимирани со симулација на играта “follow the line”, во која не секој успева да стигне до својота соба. Изработена е од street art техники со вештите раце на двајца уметници, врз веќе дефиниран патерн.
Бифето, кое е во служба на концептот bed and easybreakfast е изработено (дел од корпусите и сите фронтални површини) од стакло со што се создава kitchen friendly ефект и брза координација на корисникот.
18-те соби се ориентирани северно и јужно од објектот. Дел од мебелот е комплетно реставриран со што се реупотреби во сосема поинаков контекст.
Останатиот дел е конструиран согласност димензиите на просторот.
Ф.К
Автор на статија: Filip Koneski