Хајдар – Кади џамија – Битола / XVI век
05.07.2016 • XVI - XIX век
Автор: Мимар Синан со учениците ( претпоставка според стилски карактеристики)
Година: 1561-63
Локација: Битола
Ктитор: Хајдар Кади ( кадија во Битолскиот крај )
Извори: bitolatourist.info , babambitola.mk , tvOrbis , wikipedia , фото од реконструкција: Eрчан Одабаши ( за babambitola.mk)
Технички прилози: Мерима Тутиќ
Ајдар-кади џамија или Хајдар-кади џамија е отоманска џамија во Битола. Се наоѓа на местото на стариот „Овчи Пазар“, блиску до стариот амам „Дебој“ и до стариот пазар.
Изградена во 1561-1563 година, со средства од Ајдар бег, како едно големо дело од ремек делата на отоманскиот архитект Мимар Синан, кој бил нарекуван Микеланџело од Блискиот Исток, поради грандиозноста на Сулејмановата џамија во Истанбул и Селимовата џамија во Едрене, кои исто така биле негови дела.
Битолската џамија е со квадратна основа, голема централна купола и трем. Куполата е висока 19 метри, наслонета на дванаесеттоаголни столбови. Надворешноста е едноставна и идеално пропорционирана, додека внатрешноста во минатото се памети дека била прекриена со прекрасни мурали и декорации.
Основа
Основа на хоризонтален пресек ( кота подкуполен простор)
Според Евлија Џелебија од XVII век, оваа џамија се сметала за една од најубаво декорираните во тоа време кога се изградила.
bitola-monastir-panorama-1848-edward-lear
Истата го добила и прекарот „Принцеза на Балканот“, но со годините евидентирано е нејзиното пропаѓање. Долго време беше незаштитена, без пристап и сериозни оштетувања како на екстериерот така и на ентериерот.
На иницијатива на организациите за заштита на отоманското наследство, неодамна беше извршена последната реставрација, конзервација и реконструкција на Aјдар-кади џамијата (заедно со Исак џамијата) со поддршка на Р.Турција, со која се врати сјајот на овој историски објект.
Пресек
Излед 1
Изглед 2
Изготвувањето на техничката архитектонска документација т.е снимка на оригиналната состојба е круцијална во изведувањето и реконструкцијата на автентичните објекти. Покрај изгледите и пресеците, приложуваме и детали од столаријата и декорацијата:
Детал влезна партија / поглед надвор / поглед внатре
Детал прозорци / изглед од внатре / изглед капаци / изглед надвор
Во продолжение можете да го погледнете крајот и резултатите од активностите:
Ф.К
Автор на статија: marh