„БЛ МОДЕЛ“ НА РАСТЕЧКИ СТАН / ЗАВОД ЗА УРБАНИЗАМ И СТАНБEНО КОМУНАЛНА ТЕХНИКА НА СРМ – СКОПЈЕ
29.12.2016 • Истражување ХХ век / II половина
Автор: Радоњиќ Миродраг – Бато, Николоска Лилјана
Година на проектирање: 1983/84
Извор: каталог на БИМАС 3 – 1985г.
Од истражувањата вршени во областа на човековите потреби, во домувањето, произлезен е „БЛ“ моделот, кој со својата функционална организација овозможува можности за раст од стан за 3 + 1 до стан за 5 + 1 член. Имајќи ја во предвид просечната големина на нашето семејство, овој обем го опфаќа најзастапениот дел од структурата на потребните станови.
Функционалната и просторна организација на моделот се базира брз стрикна поделба на дневен и ноќен (бучен и мирен) дел. Поделбата е извршена со централна поставка на економскиот блок.Дневниот дел и економскиот блок го сочинуваат „Јадрото на развој“ додека спалниот тракт претставува „Растечки елемент“.
Испитуваниот модел се применува во варијантни решенија на колективни станбени објекти за потребите на СИЗ за становање – Скопје.
Материјалот го приложи и обработи: Ноеми Чаусидис
Автор на статија: Ноеми Чаусидис