Гранд хотел Скопје / Славко Леви

Локација: ул. Стив Наумов

Автор: Славко Леви

Година на проектирање: 1954

Изведба:1955-64

Извор: Технички цртежи- Цветанова Невена, Стари снимки од Македонија(fb) ,

www.declampe.net , Holiday Inn (fb)

насловна

Архитект Славко Леви е роден во далечната 1904 и по потело е од Копривница, Хрватска каде го минува раното детство и среношколските денови. Дипломира на Високата техничка школа на Архитектонскиот оддел во Дрезден, Германија во 1930 година. Претходно студира во Виена и Загреб. По Дипломирањето работи кај архитектите И. Фишер и С. Клиска во Загреб. Тој е бележит претставник на модерната архитектура во 30тите години во Хрватска. Реализира околу 40 објекти и исто толку проекти. Неговите објекти по втората светска војна се очигледен пример за доброто познавање на т.н. интернационален стил. Од 1949 до 1953 година работи во проектантската организација ” Проектант” во Скопје. Во 1954 година се враќа во Загреб каде продолжува со својата плодна проектантска дејност.

грант слика 2

Во 1957 година на конкурс ја освојува првата награда за објектот на стоковната куќа во Скопје, а во 1959 година втората награда за објектот за Вишата педагошка школа во Скопје. Во 1963 година подига два објекти од капитално значење со интернационален стил во обликувањето: Домот на инвалидите и Командата на армиската област. По враќањето во Загреб го води архитектонското биро “Леви” (1954 – 1966).

грант слика 1

Проектот за хотелот Гранд се одликува со примерно функционално решение и со едноставна фасадна обвивка. Станува збор за линиски блок со централен ходник. Пристапноста до хотелот е преку ул. Стив Наумов и кејот 13-ти Ноември. Во близина на поставеноста на објектот се наоѓа центарот на Скопје и хотелот со својата програма станува обврзен дел од него.

prizemje grant

Основа на приземје

Во програмата на хотелот е вклучено:

* 178 комплетно опремени соби и апартмани од кои:

– 101 еднокреветни соби,

– 50 двокреветни соби,

– 11 ексклузивни соби,

– 14 апартмани,

– 1 претседателски апартман,

– 1 соба за лица со посебни потреби

* 1 хотелски и 1 национален ресторан

* 8 конференциски сали

* бизнис центар

* фитнес центар и сауна

* казино

* ТВ салон и аперитив бар

* Rent-a-car

* сопствен паркинг простор

1kat grant

Основа на 1 кат

Хотелот има главен влез, кој служи за гостите, еден спореден влез за техничкиот персонал и други влезови кои се во служба на хотелот.

karakteristicen kat grant

Основа на карактеристичен кат

Преку повлекување на ресторанот од кејот 13ти Ноември, се создала идеална летна тераса за истиот. Меѓутоа на слободниот простор, подоцна  се доградува банкет-салата и со тоа се губи оригиналната урбанистичка и функционална организираност.

Holiday Inn Skopje.

Објектот е комплетно реновиран во 2000-та година и моментално работи како дел од ланецот на хотели ,,Holiday Inn”. Оваа приклучување на хотелот, значи и усвоени стандарди на самиот бренд, кои се обврзни, со што дополнително се промени оригиналната програма и изглед .

d1K6loM

Хотелот Гранд, заедно со Ансанблот од пет станбени кули, ги претставуваат главните вертикали на кејот на реката Вардар, во сликата за модерно Скопје.

гранд слика 3

Материјалот го приложи и обработи: Стојаноска Софија

Автор на статија: