Ентериер на станбена единица / Џартовски
13.08.2017 • Ентериер и мебел
Локација: Куманово
Автор: Александар Џартовски
Проектирање и изведба: 1990
Инвеститор: Благоја Стојковски
Извор: Бимас ’91
Концептот на решението се базира врз потребите и начинот на живеењето на семејството. Потенциран е ентериерот на дневниот престој, во кој е разрешена функцијата на трпезаријата и чисто дневниот дел, кои што егзистираат како посебна целина, а по потреба, можат да бидат поврзани во хармонично единство на заедничка функција.
Стремежот кон оригинално и неконвенционално решение на функцијата и естетиката е постигнато со транспарентната преграда од лесни елементи и централно нагласениот кубус, кои што ги опслужуваат и двете функции.
Топлината на домот ја обезбедуваат каминот и функционалните лесни елементи.
Ф.К
Автор на статија: Filip Koneski