Живеење во парк / Петрова и Стојилова

Архитектонско Студио 5.1

Автори / студенти : Марија Петрова и Христина Стојилова

Педагошки тим: Проф. д-р Минас Бакалчев, Проф. д-р Саша Тасиќ, Викторија Богданова, Александар Петановски и Гордан Петров.

Локација: Дебар Маало

Задача: Проектирање на станбен објект/и – Живеење во парк

Учебна: 2016/2017

Овој проект е дел од работата на Архитектонското Студиото 5-1, чија што задача беше да се проектира композиција од станбени објект/и сместени на дадена локација во Дебар Маало.

Волуменозната композиција на ова решение е одговор на карактеристиките на околното ткаење, сочинето од густо гратско ткаење на станбени куќи-на југ и вооедначено ритам на станбени кули -на север. Ова резултираше со блок сочинет од 3 поединечни објекти, во блиска врска, од типологијата кули со вертикални комуникации сместени во јадро.

Кулите се независни, односно одделени помеѓу себе, со што се и соодветно осветлени и природно вентилирани, но истовремено се и меѓусебно поврзани со мостови, како одговор на потребата за социјализација на станарите од било која кула и од безбедносни причини.

При решавањето на станбените единици користен е проектантски модул од 420cm, па така и становите се проектирани по принципот на модул-соба. На најниското ново (кота 0.00) е сместено паркирањето и влезот во комерцијаните простори- предвидени како студија со галерија и времен престој. А на горното ниво е платформата кој ги врзува влезовите во кулите помеѓу себе.

Во сите кули поеднакво се застапени станови од видот на трисобни, четирисобни, двособни и еднособни- како би имало разноликот во станбените едници во една кула. Во рамки на секој стан е предвиден двор -одговор на задачата ЖИВЕЕЊЕ ВО ПАРК. Трисобните станови се дуплекси, додека сите останати станови се решени на едно ниво.

Надворешниот изглед на кулите ја отсликува функцијата на просторите во нив, па така тие се претежно целосно перфорирани, освен на места каде што се ослонува мебелот во спалната соба и сл.

Идејата од која е воден проектот е да се постави ориентир во просторот кој нема да доминира над околината, а како проектантско решение ќе ги задоволува потребите на станарите  најрационален начин.

Ф.К