ИАЕСТЕ Македонија го распишува Надворешниот Конкурс 2018 за аплицирање на платени стручни пракси во странство

 Секој студент од техничките факултети, при државните универзитети има можност да конкурира и да биде прифатен за една од 38те најразлични пракси ширум светот.

Конкурирањето ќе се одвива во три круга, според следните датуми:

I круг: 19.02.2018 – 01.03.2018

II круг: 04.03.2018 – 13.03.2018

III круг: 16.03.2018 – 20.03.2018

По електронското пријавување кое може да го извршите на следниот линк, документите за аплицирање ќе можете да ги доставите во канцеларијата на ИАЕСТЕ Македонија секој работен ден од 12 до 14 часот.

Сите детали во врска со аплицирањето на пракса, потребните документи, како и самите пракси разгледајте ги на следниов линк. За новости поврзани со конкурсот следете нè на нашата официјална фејсбук страна.

За повеќе информации во врска со ИАЕСТЕ праксите, начинот на аплицирање и сите детали за Вашата посакувана пракса, Ве покануваме да бидете дел од Информативниот Состанок кој ќе се одржи на 22.02.2018 (четврток) во 20:00 часот во Амфитеатар на ФЕИТ/МФС.

Автор на статија:

/