МАКОШПЕД – деловен објект / Џапонова – Тониќ

Локација: Скопје

Проектна организација: ГП „Илинден“ -ЕЕ Проектирање

Автор: Гордана Џапонова- Тониќ

Година на проектирање: 1992

Година на изведба: 1993

Извор: 1993

 

„Објектот е на П+1 +подрум, со тоа што по потреба е можна доградба на уште еден кат. Во приземјето централно е поставен влезот за вработените со: хол, портирница и скали за кат. Лево-десно од него се наоѓаат шалтер сала и продажно-изложбен дел со свои, посебни влезови. На катот се канцелариите за шпедиција и царинска служба.

При проектирањето проектантот се стреми кон прави и чисти форми, а при обликувањето на објектот кон современ третман и израз. За таа цел, и во ентериерот и во фасадната обработка се применети современи, вредни и трајни материјали (мермер, пикувана фасада и елоксиран алуминиум). Во вид на апликации е применета и т.н. „висечка фасада“ со „стопсол“ стакло.“

Ф.К