Нов објект за Драмскиот театар во Скопје

Познат е изгледот на новиот објект на Драмскиот театар во Скопје. Кој е авторот на објектот не поседуваме информации, но можеме да забележиме дека нема ништо заедничко со оној проект кој победи на конкурсот за идејно решение пред повеќе години.

Во новиот објект се планираат две сали – голема со капацитет од  397 седишта и помала до 100 седишта. Од министерството за култура велат дека објектот ќе биде функционален и со најсовремена тековна технологија.

Бруто површината на проектот е 17.700 метри кадратни заедно со партерното уредување. Чинењето на изградбата се предвидува да е помеѓу 6 – 10 милиони евра.

Драмскиот театар во Скопје на 21 април прославува 70 години од своето постоење. Честитки!

Видео:

https://www.facebook.com/rveljanovski/videos/vb.1825421033/10204556416390135/?type=2&theater

 

Извори: Министерство за Култура на Р.М, Драмски Театар, Роберт Вељановски, Македонски портали