Од свеченото доделување на наградата „Андреја Дамјанов“ / Фотогалерија

Радован Раѓеновиќ вчера вечер, во црквата Рождество на Пресвета Богородица, ја доби заслужената награда за животно дело во областа на архитектурата. Наградата ја доделува Асоцијацијата на архитекти на Македонија.

ОД ОБРАЗЛОЖЕНИЕТО НА КОМИСИЈАТА НА ААМ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДАТА „АНДРЕЈА ДАМЈАНОВ“ ВО 2016 ГОДИНА

Архитект Радован Раѓеновиќ се претстави со иразено разновиден и богат професионален творечки опус создаван во текот на последните пет децении.

Проектите и реализациите во областа на станбената архитектура, туризмот и угостителството, спортот, администрацијата, индустријата и културата, работени  во проектантските бирои на „Алумина“- Скопје, „Пелагонијапроект“- Скопје, „Мавровопроект“- Скопје, „Технометал“- Москва, „Римако“- Виена, Москва, Скопје, „Будимекс“- Љвов и „Студио Р“- Скопје, претставуваат сериозен влог во архитектонската практика на Р.Македонија.

Осебен акцент заслужува неговата улога на раководител на претпријатието „Мавровопроект“ и несомнените заслуги за мобилизирање на квалитетни кадри проектанти, кои со своите реализации придонесуваа за развојот на архитектонската струка во Р. Македонија и за нејзина афирмација и угледно позиционирање надвор од нејзините граници, во Советскиот Сојуз, Југославија, Либија.

За комплексот „Запољарје“ во Сочи, Русија, архитект Радован Раѓеновиќ е носител на признанието од Сојузот на друштвата на архитекти на Македонија за афирмација на македонската архитектура во странство во 1981/82 година и диплома за труд од областа на урбанизмот, проектирањето, ентериерот и дизајнот во 1985 година. За меморијалниот комплекс „Споменикот на слободата“ во Кочани, како коавтор, со Глигор Чемерски,  архитект Радован Раѓеновиќ е носител на повелбата Почесен граѓанин на Кочани.

 

Со почит,

Претседател на Комисијата на ААМ

за доделување на наградата „Андреја Дамјанов“

Мартин Гулески, д.и.а.

 

За делата на архитект Раѓеновиќ, Богдан Богданович, го напиша своевремено следното:

“Во време кога во Европа и во Југославија се сметало дека се е кажано на темата монументални споменици во Кочани се покажани нови иницијации кои монументалното творештво го врзуваат за антиката, пред антиката и за нашата современост и во него препознаваат не само сегашност туку и иднина. Мајсторе сега си протомајстор.“

Многу подоцна, архитект Ивица Млаѓеновиќ ќе напише:

“Раѓеновиќ е архитект кој на исклучително вешт начин го истражува односот кој се создава од геометриските облици и архитектонските форми во позадина. Ќе биде заинтересиран на своите облици да им даде драматична подвижност. Во процесот на светлоста едноставно ќе го одбутне оформениот сублимат – продукт на архитектоничната флуидност и материјализината цврстина. Нема повеќе да го возбудува новосоздадениот однос, бидејќи веќе е уверен дека тоа не е толку битно кога во основа е добар програм. Негов, наш, заеднички! Тука сме, значи : Раѓеновиќ е архитект кој со нас го исцртува обликот, како извор на архитектонската инспирација.“

Фотогалерија:

ragenovik-damjanov17

ragenovik-damjanov16

ragenovik-damjanov15

ragenovik-damjanov14

ragenovik-damjanov13

ragenovik-damjanov12

ragenovik-damjanov11

ragenovik-damjanov10

ragenovik-damjanov9

ragenovik-damjanov7

ragenovik-damjanov6

ragenovik-damjanov5

ragenovik-damjanov4

ragenovik-damjanov3

ragenovik-damjanov2

ragenovik-damjanov1

Фото: Борис Јурмовски

Извор: ААМ, Сања Раѓеновиќ Јовановиќ

Автор на статија: