Предлог урбанистички план за „Расадник“ Кисела Вода

Деновиве е изложен на разгледување предлог урбанистичкиот план за „Расадник“, Кисела Вода, во истоимената урбана заедница.  За заинтересираните, истиот можете да го погледнете од 07 -15 ч. на адреса: Сава Ковачевиќ 47 з  локал.2 У.З. “Расадник”.

Предложениот план, ја дефинира точката на интерес: колективното станбеното домување, лесна индустрија, нешто малку јавни објекти и постоечкото домување.

Сообраќајната мрежа е извлечена од постоечките околни улици, со стремеж кон новопроектираните населби за ортогонална логика на поврзување.

Низ новите станбени комплекси, забележително е озеленување, но дали е доволно и зошто општините заборавија да проектираат јавен простор, јавен парк е актуелно еколошко прашање во градов.

Rasadnikпоглед кон Расадник

Кисела Вода, како најнедефинирана општина во градот, не поседува квалитетна јавна површина со што не привлекува задржување на сопственото население, а уште помалку промет на граѓани од другите општини. Практично доколку не познавате некој од Кисела Вода, воопшто не ни одите натаму. Ваквата позиција на општината е резултат на немањето чувство за припадност кон градот.

Rasadnik_opfatОпфат на планот

Површината на Расадник, е можност Кисела Вода да направи нешто за себе, а уште повеќе за градот. Оваа слободна површина е идеална за нов градски парк во Скопје, јавен простор и збиралиште во општината, спортски терени, простор каде Кисела Вода ќе може да создаде нешто препознатливо за себе ( идентитетско) . Меѓутоа за такво нешто се организира конкурс за архитектонско-уранистички идеен проект, каде ќе можат да се соберат квалитетни идеи.

Rasadnik_zelena povrshinaСлободна површина

Како и сите други општини, така и К.В преживувањето го гледа во комуналиите од новите објекти. Штом сме во таква ситуација, општините немаат избор освен да цртаат нови површини за градба. Токму тоа кажува дека Скопје, мора да функционира под една целина, и да не биде расцепкан по општини. Само така нема да се жртвуваат површините со голем потенцијал за граѓаните.

Марх ја кани професионалната и граѓанската сфера, да пополнат лист и да учествуваат во јавната анкета со своите забелешки за овој план. Да понудат свои предлози за измени, со што би можеле да се потрудиме, да ја насочиме општината да размисли уште еднаш за потенцијалот на оваа локација.

Доколку сте заинтересирани да ја контактирате месната заедница, посетете го следниот линк: http://www.kiselavoda.gov.mk

Ф.К

 

 

Автор на статија: