Хотел „Цар Самуил“ / Димитриева

Локација: село Банско, Струмица

Автор: Виолета Димитриева

Година на проектирање: 1977-78

Година на изведба: 1982

Изведувач: ГРО „Бетон“

Инвеститор: УТРО „Угостител“

Извор: Бимас 1983

Просторниот аспект одеше асоцијативно кон затворено пацио, кое ќе ги двои основните функции, односно гостинските соби од кафанскиот и бањскиот дел со збогатени содржини: базен за лечење со помошни функции, кални базени, амбуланта, терапија, рекреација, спортски базен со заедничко гардеробирање и опслужување.

Основа на приземје

Хотелот располага со 160 легла во еднокреветни и двокреветни соби, расположени на 5 ката. На еден од катовите сите двокреветни соби може да се адаптираат во двособни апартмани. Објектот е дополнет со ресторан за 250 гости, кафеана за 400 гости, продавница, општествени игри, мала диско сала, сите сместени во приземјето.

Изглед

Архитектурата има констекст на инспирација „чашка“ што се рефлектира на двоење на стаклените ѕидови од ѕидната маса. Со ова е постигнат појак момент во приземниот дел. Архитектонските облици со современ третман, имаат свој ритам и синтеза на целиот екстериер и ентериер, со што постигнуваат индивидуалност.

@ Wikimapia

Објектот дава нова живост на широко отвореното струмичко поле под Белсица,  воедно добро ползувајќи ги природните добра на крајот.

Ф.К