10 години потоа / Кензо Танге и останатите говорат за импресиите од обновата на Скопје

На Youtube каналот Arhiva Makedonija / Архива Македонија поставено е видео од емисијата „Актуелно“, во продукција од тогашната РТВ Скопје, снимена во 1973 година, т.е 10 години по катастрофалниот земјотрес.

Во емисијата имате исклучителна можност да го чуете Кензо Танге како говори за градот во обнова, проектот за Транспортниот Центар, потоа можете да ги чуете Тито, Никита Хрушчов, Торвалд Столтенберг и многу други за нивните импресии и пораки.

Скопје во тој момент било средиште на модерните случувања во архитектурата кои биле оценети како современи, но со многу интересна локална нишка инспирирана од македонската традиција, што го правело посебно и во центар на вниманието.