Објавен предлогот за ДУП-от кај поранешна „Алумина“

Извор: Општина Карпош, skopskoeho.mk
Насловна фотографија: Општина Карпош

 

Погледнете го извештајот кој содржи предлог за урбанистичко планирање на просторот на поранешната фабрика „Алумина“: Видео презентација

Во прилог е и синтезниот план поставен на официјалната страна на Општина Карпош: тука.

На просторот на поранешната фабрика „Алумина“ се предвидува изградба на повеќе објекти кои се разликуваат по својата катност и намена. Станува збор за плански опфат кој се наоѓа меѓу улицата „Прашка“, булеварите „8 Септември“ и „Митрополит Теодосиј Гологанов“, како и новопроектираната улица „С6“.

 

Извор: Општина Карпош

 

Од 3Д визуелизациите во прилог на јавната презентација на ДУП за Градска четврт 3 06, блок 11, објавени на веб-страницата на Општина Карпош, на просторот се планираат објекти со современо обликување со зелени тераси и покриви, додека во просторот меѓу нив е предвидено зеленило, пешачки и велосипедски патеки.

 

Извор: Општина Карпош

 

Предлог ДУП-от во моментов е на јавна анкета, која ќе трае до 15 декември, а на 12 декември ќе се одржи и јавна презентација во просториите на Општината, каде граѓаните кои живеат во овој плански опфат можат да доставуваат и анкетни листови секој работен ден од 7.30 до 15.30 часот.