3D реконструкција на Стариот театар во Битола/ GAUSS Institute
14.06.2021 • Истражување ХХ век / I половина
Проект: „Интерактивна и виртуелна презентација на културното наследството и кинематографијата – КИНОКУЛТУРА“ / Финансиран од Европската Унија и националните фондови на земјите учеснички во рамките на ИНТЕРРЕГ ИПА програмата за преку гранична соработка „Грција – Република Македонија 2014-2020”.
Автори: Игор Неделковски; Александра Парговска; Ивана Георгиева; Виктор Цветанов — GAUSS Institute
Соработници: Јове Парговски; Владо Ѓоревски; Ангелинка Парговска; Ирена Ружин; Филип Цветанов; Жанета Видевска; Марија Стојановска; Силвана Петрова Насух; Катерина Шарковска; Мими Марковски; Весна Неделковска; Бети Анѓеевска
Година: 2020
Извори: https://gaussinstitute.org/2020/12/26/promotion-of-digital-reconstruction/; https://cineculture.online/star-teatar-3d/; https://bitolanews.mk/2021/05/21/3d-star-teatar/
Преку обработка на стручна и техничка документација, консултации и интервјуа со граѓани, тимот на ГАУС Институтот на Битола, изработи детален и интерактивен 3D модел од Стариот театар во Битола. Проектот овозможува негово користење во насока на туристичка промоција, видео игри и филмска индустрија, како и можност за негова идна физичка реконструкција во нов современ облик.
Во презентацијата е претставен внатрешниот и надворешниот изглед на стариот објект кон кого многу битолски генерации чуствуваат емотивна поврзаност.
Истражување
При процесот на собирање и дигитализација на историските податоци, најпрво се консултирани националните институции:
- Државен архив на Македонија, филијала во Битола.
- Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски “- Битола.
- Македонско научно друштво – Битола.
- Кинотека на Македонија – Скопје.
Дополнителни податоци се обезбедени преку богатата збирка фотографии на Димче Најдов, интервјуа со битолчани кои се сеќаваат на театарот или биле вклучени во неговата работа, како и текстуални и видео материјали добиени од следните извори:
- „Браќа Манаки“, Кинотека на Социјалистичка Република Македонија, издавач: Борис Ноневски, Скопје 1986 година.
- „Браќа Манаки: придонес за нивниот живот и дело“, автор Павле Константинов, Скопје 1982 година.
- „Каријатиди на театарот“, автор: Александар Штерјовски, Издавач: НУ Народен театар Битола, 2004 ISBN – 9989-2324-0-7.
- „Манаки и Битола“, автор: Димитар Димитровски – Такец, издавач: Работнички универзитет Крсте Петков Мисирков, Битола 1975 година.
- „Битола“ – докторска дисертација, Трајче Грујоски, 1971 година.
- „Река Драгор“, Александар Стерјовски, 2009, ISBN – 9989-2783-9-3.
- „20 години народен театар Битола: 1944-1964“, уредник: Христов Димитар, Народен театар Битола, 1964 година.
- „40 години народен театар Битола“ Автор: Иван Ивановски, Народен театар Битола, 1984 година.
- „50 години народен театар Битола“ Уредници: Ангелина Ѓаковска, Љупчо Ѓорѓиевски, Народен театар Битола, 1994 година.
- „55 години Народен театар Битола“ Уредник: Ангелина Ѓаковска, Народен театар Битола, 1999 година.
- „Битола – монографија“ Собрание на општина Битола, 1985 година.
- Автор на „калеидоскоп“: Александар Стерјовски, ISBN – 978-608-65122-6-2, 2017 година.
- КИНОПИС – Списание за историја, теорија и култура на филмот и другите уметности Кинотека на издавачи на Македонија.
- „Кратка историја на битолскиот вилает“ автор: Мехмед Тефик, 1911 година.
- „Од Хераклеја до Народен театар Битола“ Автор: Ристо Стефановски, Народен театар Битола, 1994 година.
- „Времеплов на театарот“ Автор: Владимир Додовски, ПОНУД „Мисирков“ Битола, 1994 година.
По рушењето на театарот, дел од оригиналните столици биле однесени во Домот на култура во село Цапари, но подоцна биле фрлени и трајно изгубени. Тимот успева да лоцира неколку во релативно добра состојба. Истите се документирани и имплементирани во проектот.
3D моделирање
Користени се неколку софтвери за 3Д моделирање и рендерирање. Најпрво, моделите се нацртани во Archicad 23 и Sketchup, а фотореалистичните рендери, видео анимациите и панорамите се направени во Lumion. Истите се изработени од страна на архитектите Ивана Ѓоргиева и Ангелинка Парговска.
Автор на статија: Антонио Грујевски
3D / GAUSS Institute / Битола / Модел / Народен Театар / Реконструкција / Стар Театар