70 години АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ

Пред 70 години, на 6ти октомври, се одржал првиот час на тогаш новиот Архитектонски факултет во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.  До денес оваа институција креира кадри кои учествуваат во изградбата на нацијата и државата.

Во чест на овој важен датум,  денес во 12 часот, факултетот организира свеченост во Музејот на современа уметност, на која присуствуваа значајни гости, професорскиот тим и пријателите на дејноста.

 

 

На приемот пригоден говор одржа деканот на факултетот,  Проф. д-р Огнен Марина, кој се осврна на важноста за постоењето на оваа институција во образовниот сектор на Македонија и ретроперспективата на нејзиниот развој.

Низ седумте декади постоење, факултетот продуцирал повеќе од 5000 архитекти преку програмата реализирана и пренесена од 130 професори.

 

google maps /street view

 

Архитектонскиот факултет претставува основата и темелот на нашата професија и репер за новите приватни образовни институции од сферата. Веројатно ја има и честа, да е најсаканиот факултет од страна на своите студенти, кои вистински се горди што во светот на професионалците зачекоруваат низ неговите врати.

 

 

Тимот на МАРХ, упатува честитки до АФС и благодарност за сите досегашни соработки. Од се срце посакуваме поголем напредок на оваа институција и нејзино активно учество во државните политики во полето на архитектурата, урбанизмот и градежништвото!