9 македонски проекти добитници на регионалната награда BIG SEE за 2023 година

BIG SEE претставува платформа, која ги препознава достигнувањата и потенцијалот на повеќе сфери, од архитектура и дизајн до уметност, култура и стил на живеење, спорт, наука, образование и политика, бизнис, патување и храна .

BIG SEE  е позиционирана со седиште во Љубљана, Словенија, со првичен таргет на Југоисточна Европа. Секоја година се приклучуваат се повеќе земји и вон овој регион. Оваа година BIG SEE делуваше во вкупно 21 држава, меѓу кои и во Италија и Австрија.

Секоја година, во различни категории на креативност, BIG SEE има за цел да ги истакне најдобрите и притоа презентира на пошироката јавност, доделувајќи им награди. Преку тоа BIG SEE  се обидува да стане мост и да ги поврзе бизнисите да работат заедно и постигнат повисоки вредности во полињата на интерес.

 

 

Оваа година настанот се оддржа на 19ти мај,  на адреса  Litostrojska cesta 56 во индустрискиот дел на Љубљана. Во одлично адаптираната хала, беа организирани 5 сцени за презентација на победничките проекти и доделувањето на наградите, меѓу кои во облик на лавиринт беа поставени штандовите на спонзорите кои ги презентираа сопствените производи во доменот на градежништвото. На дното на салата беше поставена големата сцена, каде се оддржуваше главната програма – презентации на внимателно одбраните гости.

Вториот дел од настанот  ја опфаќаше гала вечерта и доделувањето на Гранд При наградите во одделни категории, по што следеше и отворена забава.

 

Оваа година, платформата награди дури 9 македонски проекти во различни подкатегории, и тоа:

 

Категорија: Резиденцијални куќи – AE House  / B2A Design;

 

Категорија: Резиденцијални куќи – Фотевски / Arhi Grup Plan A – Petroski architects;

 

Категорија: Едукативни објекти – Градинка во Волково / Прима Инженеринг;

 

Категорија: Резиденцијални куќи – Современа вила  / Arhitektura nova;

 

Категорија: Ентериер (домување) – Seguence apartmernt/ BINA ;

 

Категорија: Ентериер  (hospitality) – Soho Coffee Shop / GVRL;

 

Категорија: Ентериер (домување) – RB Aparment / Milimetric;

 

Категорија: Ентериер – QIH London / Parallel Group Architects;

 

Категорија: Ентериер (hospitality) –  Реконструкција Идадија 3 / Ninovski architects