Хотел во Струга / Ристо Пецев, Димитриј Гуржанов 2014/15
23.01.2015 • Студентски проекти
проект: хотел
локација: село Радожда, Охридско Езеро
студенти/автори: Ристо Пецев, Димитриј Гуржанов
студио: Архитектонско студио VII1
година: 2014/15 (VII семестар)
ментори: проф. д-р Минас Бакалчев, асист. м-р Саша Тасиќ
На кој начин можеме да развиеме типологија, програма, контекст за еден објект од областа на угостителството, а притоа да ги задржиме/унапредиме постојните отворени карактеристики на местото? На кој начин објектите од областа на туризмот можат да се дел од глобалните барања но истовремено да одговорат и да ги унапредат специфичните енвиронментални и социокултурни својства на местата? Преку серија сценарија на хипотетички трансформации на оваа природна положба, можеме да ги покажеме нејзините можности за трансформација како синтеза на архитектурата и природата, традицијата и современото.
На крајниот северозападен дел од Охридското Езеро, на самата граница кон Република Албанија е местото на поранешното летно одмаралиште/камп на фабриката Треска. Се наоѓа во непосредна близина на питоресктното рибарско село Радожда и поседува извонреден потенцијал во однос на неговата местоположба како кон непосредната околина така и кон длабокиот хоризонт на езерото.
клучни зборови: гнездо, пештера, езеро, целовитост, мисла, прошетка, одмор, граница, природа, тишина.
Чин на назначување на местото. Метафизичко значење, ублажување на материјалните граници. Проток на движење, поглед кон контекстот а во исто време поглед кон себе. Едно тело-групација од простори, авантура, случување.
Проектна програма: екотуристичко одмаралиште со 44 гостински соби
1. станбен дел: двоен кревет-20соби, два кревети-18 соби, хендикепирани лица-2 соби, апартмани-4.
2. општествен дел: влезен хол (лоби), храна и пијалок, повеќенаменска дворана, рекреација
3. економски дел: администрација, припрема на храна, магацински простории, персонал, помошни простории, сервис за перење и домаќинство
Автор на статија: marh