Прототип на с. зграда во Велес/ Николиќ Матеја,Трајковски Зоран
26.01.2015 • Студентски проекти
проект: станбена зграда / домување+јавни и деловни простори
тема: Живеење на река, прототип на станбена зграда на кејот на реката Вардар
локација: Велес
студенти– Николиќ Матеја; Трајковски Зоран
студио: Архитектонско студио V/2
година: 2014/15 (V семестар)
ментори: проф. д-р Минас Бакалчев, асист. м-р Саша Тасиќ
Градот Велес е историско и културно богато подрачје кое претставува неуморно поле за разработување. Како појдовна идеја и цел на изработка на проект кој ќе одговори на барањата на задачата и истовремено ќе го истакне и вреднува значењето на локацијата, станбените единки заедно со неколку следствени содржини лоцирани на кејот на реката Вардар.
Локациски погодности: Пристапот е од двете улици со кои се ‘судира’ локацијата, а од едната страна објекот директно излегува на коритото на реката. Околу локацијата се наоѓаат градскиот пазар, саат кулата, стариот мост, како и строградското ткиво од куќи на градот.
Програма: Станбените единки се развиваат на четити нивоа, каде се сместени еднособни, двособни, трособни и четирисобни станови, сите од нив просторно функцинонални и комфорни. Јавните содржини се оние во приземјето ( јавна платформа за одмор и социјализација, работилница и паркинг за велосипеди) и кровната тераса, платфрома за јога, читање, социјализација и уживање, мала градина).
Идејата зад целиот проект е да се создаде простор кој ќе се вклопува во контекстот и ќе ја надополнува околината, да обезбеди разновидни станбени единици, и да создаде јавен простор за жителите на објектот како и за случајните минувачи и посетители.
Автор на статија: marh