Резидуална Форма / Север, Реџепи, Халими, Салахи

ИНТЕГРАТИВНО СТУДИО

Автори: Енес Север, Љавдрим Реџепи, Флора Халими, Елмедина Салахи

Проект : Рамка

Педагошки тим: доц. д-р Слободан Велевски / доц. д-р Марија Мано Велевска / доц. д-р Огнен Марина

Локација: Скопје

Година: 2017

Користена е основната геометрија (квадрат) преку која се ограничува еден дел од градот којшто опфаќа три различни урбани територии во однос на намената, односно на едната страна се ограничува со железничката станица, внатре ограничува дел од структурата на градот, а од другата страна се развива во делот на агрикултурата (Расадник).

Главната идеја е формирање на рамка која ќе го подели тој дел од градот со околината, но истовремено ќе направи интерполација на трите различни делови, на начин што ќе го активираат тој дел од градот преку функциите и сценаријата кои се додаваат.

Ние воспоставуваме нова главна оска во правец север – југ, за разлика од постоечката исто – запад, која преку слободното приземје на јужниот и северниот тракт воспоставува врска помеѓу трите различни делови на градот. На истата оска се развиваат и четирите кули кои го нагласуваат тој правец.

Урбаната структура која се развива во оската исток – запад и која се наоѓа во рамки на внатрешниот дел од зафатот, се зачувува во постојната состојба, со можност за понатамошно развивање. Се предвидуваат нови станбени улици за полесно движење.

Расадник како меморија на градот, веќе почнува да се гради и полека го губи својот идентитет. Новиот зафат во едниот дел предвидува да ја зачува таа меморија, преку ограничување на расадникот со дел од рамката. Јужниот тракт на квадратот е подигнат од земјата за да се постигне слободно приземје која ќе овозможува врска помеѓу ограничениот и неограничениот дел од расадникот. Трактот претставува реплика на агрикултурата што постои долу, и на тој начин се зачувува идентитетот.

Објектот има хибридна намена, но генерално може да се препознаваат пет главни намени. Тие се : медиуми и информации, спорт и рекреација, домување, парк – агрикултура и администрација. Секоја од намените просторно е распределена во еден тракт од квадратот, освен домувањето кое е сместено во вертикалните кули.

Ф.К