Трибина: Вредноста на македонската архитектура денес
28.02.2017 • Информации
Во рамки на САEМ НА ГРАДЕЖНИШТВО 2017 во организација на Асоцијацијата на архитекти на Македонија и Скопски саем ќе се одржи ТРИБИНА на тема „Вредноста на македонската архитектура денес“. На трибината ќе се разговара за вреднувањето на професијата архитект во Македонија, цените на проектирање по кои работат архитектите и нивото на квалитет при имплементација на проектите во градба.
Воведничари:
Мартин Пановски, ААМ/Радиус архитекти
Маја Хаџи Јорданова, Јорд
Бујар Муча, Мегарон инженеринг
Стојан Павлески, Стоун дизајн
Никола Велковски, Комора на овластени архитекти и инженери
Модератор: Марта Илиевска, ААМ/Формика плус
Извор: facebook events
Автор на статија: marh