Едукативен центар во Дојран / Сања Аврамоска
11.02.2015 • Студентски проекти
Проект: Проектирање на општествени згради / Едукативен центар
Локација: Дојран
Студент/Автор: Сања Аврамоска
Година: 2014/2015
Ментори: проф. д-р Анета Христова Поповска, доц. Д-р Михајло Зиноски, асис. М-р Мери Батакоја, сор. Елена Тасевска, сор. Моника Новковиќ, сор. Владо Данаилов
Локацијата се наоѓа на брегот на Дојранското Езеро. Големата парцела е поделена на два дела. Првиот дел има непречен поглед кон езерото – каде што е сместен објектот. Вториот дел се граничи со камп – одморалиште кое истовремено ја разделува парцелата од езерото и тука се сместени спортски игралишта и парковски површини кои можат да ги користат посетителите на кампот во летниот период- на овој начин е овозможено поврзување со околината и максимално искористување на предностите кои ги нуди оваа локација.
Формата одговара на линеарното течење на програмата. Одделните програмски единици се поделени во 5 посебни „павиљони“: 1.Административен блок; 2.Дистрибутивна кујна; 3.Едукативен блок со општи училници; 4.Едукативен блок со специјализирани училници; 5.Простории за физичка култура. На овој начин е извршено одвојување на администрацијата од делот за едукација, а секој од нив има и посебен влез. Истовремено се формирани и премини – патеки низ самиот објект кои ја поврзуваат улицата „Joсип Броз – Тито“ со шеталиштето покрај езерото. Блоковите се споени во една целина со заеднички кров кој ја следи потребата за висина според програмата, а со неговото обликување се добива и подобро просторно искуство.
Автор на статија: marh