Во најава изложба во Њујорк: „Кон бетонска утопија: Архитектурата во Југославија, 1948-80“

Оваа година, на 15ти јули во музејот на модерна уметност во Њујорк (МОМА), ќе се отвори изложбата „Кон бетонска утопија: Архитектурата во Југославија, 1948-80“ . Во најавата музејот ќе истакне дека архитектурата на Југославија е идеално балансирана помеѓу капиталистичкиот запад и социјалистичкиот Исток, која е во локален и поширок контекст на интернационални стилови.

„Кон бетонската утопија- истражува теми за урбанизација во големи размери, внесување технологија во секојдневниот живот, конзумеризам, споменици и меморијализација, како  и глобалниот дострел на југословенската архитектура. Изложбата вклучува повеќе од 400 цртежи, модели, фотографии и филмски реплики од низа општински архиви, семејни колекции и музеи ширум регионот, презентирајќи ја работата на важни архитекти, меѓу кои и Богдан Богдановиќ, Јурај Ниидарт, Светлана Кана Радевиќ, Едвард Равникар, Венчеслав Рихтер и Милица Штериќ. Од скулпторскиот ентериер на Белата џамија во рурална Босна, до реконструкцијата на градот Скопје според метаболистичкиот проект на Кензо Танге, потоа изградбата на Нов Белград, со експресивни станбени блокови и колективни згради. Изложбата ги проучува уникатните облици на форми и начини на производство во југословенската архитектура и нејзиниот посебен, но повеќеслоен карактер.“

Од македонските автори, некои од медиумите велат дека ќе биде презентирана работата на архитект Јанко Константинов, преку презентација на процесот на проектирање и реализација на ПТТ – Скопје.

Извор: МОМА

Насловна: колажирани фотографии – Птт, МОМА

Ф.К

 

Автор на статија:

/ /