Студентска работилница во Сараево за 3D скенирање на објекти
25.04.2018 • Информации
Денови на архитектурата- Сараево, поддржан од British Council преку фондот за Архитектура, дизајн и мода, упатува покана до студентите на архитектонските факултети и дизајн, од регионот на поранешна Југославија да аплицираат за претстојната работилница “Сараево и опсадата: Помеѓу окупацијата и слободата”, која ќе да биде предводена од студијата ScanLAB Projects (Велика Британија) и Project V Architecture (Велика Британија / БиХ).
Работилницата ќе делува на 12 точки од интерес, каде преку примена на современа технологија, ќе се скенираат архитектонски одбележја со 3Д скенери во градот. Тридневната студентска работилница ќе се одржи во Сараево од 22 мај до 24 мај 2018 година и резултатот од неа ќе биде претставена на Деновите на архитектурата 2018 година.
Крајниот рок за аплицирање е 27. 04.2018 година, а како да го сторите тоа можете да се информирате повеќе во продолжение:
Автор на статија: Filip Koneski
Project V Architecture / ScanLAB Projects / Денови на архитектура / Сараево / Студентска работилница