Младински културен центар (МКЦ) – Скопје
03.05.2018 • ХХ век / II половина
Година: 1970-72
Автори: Славко Ѓуриќ, Воислав Мачкиќ, Мира Банковиќ и Драгица Филипова
Фирма: Завод за архитектура и урбанизам, Македонијапроект - Скопје
Фотографии: МКЦ
Извори: Искра Ефремова, Архива на Македонијапроект, МКЦ
Локација: Кеј на Вардар, Скопје
Локација / @Google earth
Младинскиот културен центар е основан во 1972 година под името „Дом на млади – 25 Мај“. Основната задача и цел на МКЦ е промоција на културата, културните и научните постигнувања на младите. Со богата програма, опфат на сите културни изрази (музика, филм, театар, литература…), научна дејност, работилници и предавања, дебати и дебатни клубови, МКЦ од самиот почеток зазема стратешки битна позиција во животот на младите во градот Скопје, но и во целата република.
Состојба пред реконструкција / @Ефремова
Преименуван во Младински културен центар на почетокот на 90-тите, со добивањето на самостојност на Република Македонија, Домот останува на истиот курс – промоција и презентација на културните вредности, но истовремено и најважната точка за дружење, размена на идеи, место за слободно изразување на младите.
МКЦ е простор кој во себе интегрира сцена за театар и кино, клуб -ресторан, концертна сала, планетариум, детски едукативен центар, дизајн-продавница, галерија за изложби итн. Просторот сеуште функционира и ги задоволува потребите на градот.
Денес ЈУ МКЦ Скопје е установа од културата под јурисдикција на Град Скопје и голем дел од програмите се реализираат преку средствата од буџетот на Град Скопје, Министерството за култура на РМ, но голем дел од своите програмски активности установата ги реализира и преку сопствени средства, приватни спонзорства, донации, како и средства од разни европски фондови.
Ситуација со отворена основа на приземје
Но кога сме кај архивирањето на документацијата, истата е една од ретките спасени во полавата која се случила во архивата на Македонијапроект. Истата содржела огромен дел од најзначајните јавно-општествени објекти изградени во Скопје и низ Македонија.
Основа на кат
Она што го добивме од техничката документацијата, приложена од архитект Ефремова, која работела на реконструкцијата на МКЦ, денес го споделуваме со вам:
Автор на статија: Filip Koneski
25 мај / Дом на млади / МКЦ / Младински културен центар / Скопје