СОУ ,,Никола Карев” – Струмица / Грчева
09.02.2019 • Истражување ХХ век / II половина
Година на изведба: 1979
Проектант : М. Грчева
Локација : Струмица
Изведувач: Градежно претпријатие ,,Бетон’’
Развојот на школската архитектура на тлото на Р. Македонија бележи голем подем по завршувањето на Втората светска војна, а го достигнува својот врв до крајот на 80те година на минатиот век. Големиот раст на градовите и едукацијата на растечкото население доведува до потреба од градење на огромен број училишни згради низ целата територија.
Стилот на училишната архитектура во Македонија преставува изразен јазик на модерната архитектура. Објектите се тестамент на модерниот регионализам инспириран од традиционалната архитектура, со изразен функционален дух во нивните решенија.
Училишната архитектура е можеби една од најпретпознатливите стилови во модерната архитектура во Македонија со нејзиниот чист, јасен и модерен израз.
СОУ ,,Никола Карев” лоциран на јужниот влез од градот Струмица поставен на кос и нерамен терен објект кој преставува пример на софистицираноста и јасноста на модерната архитектура. Арх. М. Грчева успева да создаде уникатен простор и форма, кој ги користи условите на локацијата во создавање на динамична основа и социјални простории низ објектот.
Ширењето и развојот на Струмица е веќе поставен со урбанистичките планови донесени во 72-та и 76-та година каде се поставени главните оски на градот. Потребата од посебен стручен објект за техничките паралеки доведува до инвестиција од општина Струмица во нова училишна зграда. Дотогашните техички паралеки се одвивале во зградата на архивот и музејот на град Струмица. Ваквата состојба доведува до подигање на нова училишна зграда која е отворена во 1979та година.
Формалното обликување на објектот произлегува од јасна поделба на четири крила и формирање на внатрешен двор, отворен на северната страна. Техничките кабинети се лоцирани на северно-западната страна додека училниците се наоѓаат по издолженото јужно крило. Администрацијата го завзема централниот простор на северната страна со лесна поврзаност и пристап до целото школо. Пристапот кон внатрешниот двор е поставен на северната страна преку слободен трем кој е вклопен во партерното решение на околината.
Спортската сала на поставена на северната страна на школото со одвоен волумен е впечталива со армирани просорски стакла со стаклени влакна кои предаваат дифузна светлина во салата од 1500 м².
Главниот влез на школото е на источната страна, која во исто време е најниската точка на објектот. Користењето на косиот терен во архитектурата и во обликовното решение на објектот е видливо во динамично решените крила на објекот и играта на просториите со меѓу нивоа.
Модерноста на истиот е дополнително истакната со конзолно исфрлање на дел од волумените што му дава еден вид на слобода во фасадното решение, игривост и користење на елементи од регионалниот модернизам.
Фасадната обработка се карактеризира од користње на само два материјали. Натур- бетонската конструкција и фасадната шупла тула. Носечкиот скелетен бетонски систем е јасно читлив и видлив во надворешното оформување на фасадата како и во внатрешната обработка на просториите. Во енетриерот преовладува рационално обликување со терацо подови во бела боја кој се прекршени со нагласување на носивите линии на објектот.
Како и многу објекти од истиот период и јазик на архитектурата се соочени со бројни измени и адаптации низ годините. Најголемата промена која ОУ “Никола Карев” ја трпи се поставувањето на коси кровови набрзо во 1984та година. Замената на рамните кровови доведува до еден вид промена на формата и облик на објектот. Отворениот трем кон внатрешниот двор денеска затворен ја лимитира отвореноста на училишната зграда. Оргиналната челична браварија е заменета во 2012та година.
СОУ ,,Никола Карев” припаѓа на типот на исклучитечни објекти во РМ кои заслужуваат детална анализа, студија и разбирање на објектот неговото значење и проблемите. Само со вреднување и почитување на нашата изградена околина би можеле адекватно да ја заштитиме каде би го задржале автентичниот дух на објектите и во исто време да ги опремиме за новите барања од околината.
Автор на статија: Мартин Ефремовски