Изложба на студентски проекти од МИТ Факултет за Архитектура
10.05.2019 • Изложби
МИТ Универзитет – Скопје, Факултет за Архитектура,
Со особена чест и задоволство Ве поканува на изложбата на студентски проекти на тема:
Зголемување на јавното зеленило како императив во урбанистичкото проектирање – урбанистичко архитектонски интервенции на централното градско подрачје на Скопје.
Овие студентски проекти се изработени во текот на изминатиот зимски семестар по предметите Урбанизам 1 и Пејзажна архитектура како и на урбанистичка работилница организирана од факултетот.
Проектите се изработени од студентите од додипломски и постдипломски студии.
Изложбата ќе се отвори на ден 10.05.2019, петок во фоајето на МИТ Универзитет – Скопје, објект “City Gallery” на плоштадот Македонија со почеток во 19.00.
Повелете, Ве очекуваме!
Автор на статија: Vase Amanito