Модата и културниот идентитет на градот
14.05.2019 • Информации
Во склоп на проектот “Недела на излозите” WDW Movement , ќе се оддржи предавање на темата „Модата и културниот идентитет на градот“ која го обединува светот на модата и архитектурата.
Излозите не се повеќе само статичен приказ на производите. Тие веќе се мулти-медиа, динамични постмодерни канали кои ја анимираат културата на живеење. Еден град може да биде трансформиран со естетскиот јазик на излозите, особено доколку идеите го надминуваат стандардното разбирање за продажба. Тоа значи соработка со локални артисти, музичари, кулинари…
Предавањето ќе го одржи Александра Оленска, британски моден стилист и креативен консултант, професор на светски познатата IFA Paris. Истото ќе се одржи на 15 Мај од 11 до 14 часот во Амфитеатарот на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје. Влезот е слободен, но местата се ограничени, па затоа потребна е претходна регистрација.
Дознајте повеќе на следните линкови >>>
https://www.facebook.com/events/2359296134307166/
https://www.facebook.com/wdwmovement/
Автор на статија: Filip Koneski
Александра Оленска / Архитектура / мода / Недела на излозите / Предавање