Краток извештај за резултатите за уредување на ридот Kале
02.06.2019 • Информации
Краток извештај за резултатите од работата на конкурсната комисија за изработка на идејно архитектонско урбанистичко решение за уредување на ридот Kале.
На конкурсот за изработка на идејно архитектонско и урбанистичко решение за уредување на ридот Кале во Скопје до определениот рок 15 мај 2019 година, пристигнаа вкупно седумнаесет (17) трудови.
Работејќи во две одвоени сесии на оценка на пристигнатите трудови, Конкурсната комисија се одлучи да додели две (2) рамноправни први награди на трудовите под шифра “SO 162” и “Modul” и трета награда на трудот под шифра “LOG 01”.
Имињата на наградените автори и извештај за работата на Комисијата вклучувајќи ги и рецензиите за трудовите ќе бидат објавени најкасно до 15. 06. 2019
Конкурсна комисија во состав:
Зоран Петровски – претседател, Музеј на современата уметност Скопје
Професор д-р Влатко П. Коробар – Архитектонски факултет, Скопје
Вонреден професор д-р Јован Ивановски – Архитектонски факултет, Скопје
Доцент д-р Горан Мицковски – Архитектонски факултет, Скопје
Доцент д-р Ана Ивановска Дескова – Архитектонски факултет, Скопје
Архитект м-р Снежана Герасимова – Управа за заштита на културното наследство
Доцент д-р Мери Батакоја – Архитектонски факултет, Скопје
Музеј на современата уметност, Скопје
31. 05. 2109
Автор на статија: Vase Amanito