Меѓународната трибина за архитектура и градителство во Радовиш

Повеќе од 70 студенти по архитектура и градежништво, мајстори и граѓани присуствуваа на предавањата и практичните вежби распоредени во текот на три дена, на Меѓународната трибина за архитектура и градителство во Радовиш која се оддржа од 1ви до 3ти октомври годинава.

На трибината уште еднаш беше отворено прашањето за аргументите и „оправданоста” од  употребата на индустриски градежни материјали  при  реставрација и реконструкција  на спомениците на култура.

Во тој контекст, пред студентите беа презентирани практични вежби на тема „Заборавени градителски системи”, преку кои учесниците имаа можност непосредно да се запознаат со традиционалните техники и начини на градење.

Центарот за културно наследство „С и К” од Радовиш изразува јавна благодарност до наставните тимови на Факултетот за архитектура и дизајн при Американ Колеџ – Скопје и Архитектонскиот факултет при УКИМ – Скопје, кои со своето присуство и учество го збогатија овој значаен културно – едукативен настан.

Трибината претставуваше можност за размена на знаења и искуства  меѓу студентите, стручните лица, мајсторите и граѓаните, за зачувување  и афирмација на традиционалните градителски системи.

Фотографии: Radovis News

Радовиш ќе биде домаќин на меѓународната трибина за архитектура и градителство