North Design Union Headquarters / Павловски, Мирчески

Име на проектот: North Design Union Headquarters

Тип: ФИНАЛИСТИ (Топ 31 од 704 проекти) на конкурсот „North Design Union Headquarters – Architecture Design Competition 2019“

Програма: Јавен карактер, повеќенаменска програма , канцелариски простор

Клиент: „North Design Union“, Тијанџин, Кина

„North Design Union Headquarters – Architecture Design Competition 2019“

Големина: 1800м²

Локација: Тијанџин, Кина

Година: 2019 година

Слики и графика: СПИМ Студио

Тим: Синиша Павловски, Илија Мирчески

 

СПИМ Студио – Опис и образложение на концептот и објектот

РЕ-ЕНФИЛАДА

Формата на објектот, истовремено е апстрактна и гестурална. Фокусирајќи се на еден, јасен волумен кој се развива околу централен двор. Големите волуменски отвори ја поврзуваат оваа централна празнина со надворешното опкружување обезбедувајќи погледи кон градот.

 

 

Во просторната диспозиција, објектот се наоѓа на левиот крај на предвидената парцела, во линија  со околните објекти, со што се запазува воспоставениот уличен фронт. Задниот дел од парцелата е наменет за зелена површина, прдвидено да биде градина или парк кој ќе го интегрира целото соседство. Водечката идеја е да се додаде дополнителна вредност во градскиот блок, да се воспостави сооднос и да формира воочлив агол со силна просторна импликација. Комплетирајќи го интегралниот концепт,  приземното ниво е предвидено да биде целосно транспарентно со јавен карактер низ кој продираат пристапи од сите страни.  Отворено и флуидно, формирани пасажи низ кои поминува главна кружна патека низ објектот и во околината.

 

 

Првичниот генериран волумен произлегува од основните параметри на локацијата и зададените урбанистички услови. Со правилна употреба на урбаните алатки, процентот на градба и коефициентот на искористување, се добива волумен, односно архетип на внатрешен двор. Во многу различни култури, внатрешниот двор ја воспоставува поврзаноста на заедничкиот простор и заедничкиот живот, место каде се поставува духовна возвишеност.

 

 

Следниот чекор е поделбата на добиената форма во одделни четири волумени. Со нивното раздвојување дворот е централизиран како фокусна точка. Оваа фаза е главна улога за создавање на нов концептуален слој поврзвајќи се со кинеска традиционална куќа „Siheyuan“.

 

Концепт на одделни волумени се повторува во горната половина на објектот, но со огледални позиции на волумените. Новата добиена структура е поделена на два дела, која јасно се забележува преку исечените делови и прекини на фасадата, истакнувајќи ја монументалноста на концептот и објектот. Секоја од групираните четири волумени има посебни комуникациски јадра кои овозможуваат лесна примарна комуникација по сите катови.

 

 

Програмската поделба обезбедува целосна интеграција на сите корисници на просторите, менувајќи го карактерот од јавен до приватен простор по вертикала. Во подрумското ниво се обезбедени јавните содржини со цел да се поврзе објектот со околината околу него. Станува достапен и транспарентен. Во првите два спрата се обезбедени сите дополнителни прогарми што би го збогатиле работниот престој на вработените и посетителите (трговија, угостителство и спорт).

 

 

На пресекот на двата волуменски дела, на два ката се предвидени сите отворени програми во кои ќе биде задоволена удобноста и релаксираноста на вработените (програми одмор, рекреација, отворен амфитеатар, отворени предавални и конференциски сали).

 

 

Замислен средишен, отворен плоштад на кој се одвиваат разни манифестации во различни делови од тоа ниво. Во горните делови, последните три нивоа се предвидени за канцелариски потреби и истражувачки активности. Можноста за раздвојување и групирање на канцелариите е голема и неограничена. Нашиот предлог е комбинација меѓу отворен и независен (затворен) тип канцеларии, дополнувајќи ги потребите за спроведување на истражувачките активности.

 

 

 

Дизајнот ги елаборира социјалните, културните и професионалните амбиции на компанијата со комбинирање на работното место со други социјални активности.

Преку новиот објект одекнувааат аспирациите на модерната организација, посредувајќи  помеѓу локалните и глобалните, приватните и јавните, колективните и индивидуалните, формалните и неформалните активности и релации, а со тоа го воспоставува својот динамичен идентитет.

 

 

 

 

North Design Union Headquarters – Architecture Design Competition 2019 – изјава од организаторот во врска со конкурсот.

„North Design Union Headquarters – Architecture Design Competition 2019“, инициран и организиран од „North Design Union“ и „Young Bird Plan“, ко-организирано од „Shanghai TACTER Management and Consulting., Ltd.“, привлече големо внимание од архитектите ширум светот по самото објавување.

Според статистичките податоци на овој натпревар учество зеле натпреварувачи од 210 градови од 50 земји. Освен најмногубројните кинески учесници, на овој натпревар значителено се застапени и учесници од развиени земји во кои архитектонската сцена е од највисоко ниво, вклучително САД, Русија, Велика Британија, Италија, Турција, Индија, Иран, Полска, Колумбија, итн.

Во однос на податоците за градови од кои доаѓаат учесници, овој натпревар кој се фокусира на Тијанџин (како одговор на Тјанџин „Град на дизајн во северот на Кина“), им посвети големо внимание на натпреварувачите на Тијанџин. Податоците покажуваат дека има 27 натпреварувачи од Тијанџин, што го прави Тијанџин на четвртото рангирање на домашните градови по Пекинг, Шангај, Гуангжу.

Податоците за прекуокеанските градови покажуваат најголемо учество од региони како Њујорк, Москва, Истанбул, Санкт Петербург, Бопал итн.

Интердисциплинарната жири комисија која ги оценуваше конкурсите според зададените критериуми за проценка. Дел од жирито е составено со италијанската архитектка Бенедета Таглиабу и  Надим Карам – уметник и архитект од Либан.

Според статистиката на податоците, учесници доаѓаат и од првите пет рангирани странски универзитети меѓу кои и  “GSD” (Harvard Graduate School of Design),  „АА School of Architecture“ – од Лондон, која претставува една од  најпрестижните школи со големо влијание на архитектонската сцена и е најомиленото училиште во светот, како и универзитети од прва класа како „UCL“ од Лондон што го надминуваат „МIТ“ од Mасачусетс, на светската ранг-листата на универзитети 2019 година.

Kомпаниите кои го зедоа учеството на овој конкурс се едни од водечките во архитектонската пракса. Учество задоа, “Steven Holl Architects”, „OMA – Office for Metropolitan Architecture“ на Рем Колхас, „KPF“ архитекти со седиште во Њујорк, “David Chipperfield Architects”, „MAP“ архитекти од Данска, како и „MAD“ архитекти од Кина.

 

ИЗЛОЖБИ

Организаторите „ North Design Union “ и „ Young Bird Plan “ организираа серија од изложби во Тијанџин. На кои што и конкурсното решение за „North Design Union Headquarters“ изработено од на СПИМ Студио зеде учество и беше претставено пред кинеската публика.

 

Топ 30+1 финалисти, изложба на North Design Union Headquarters – Architectural Design Competition 2019 – TheAdministration and Admission Center of Chentang Science & Technology Business District

Изложбен период:  Од Мај 11, 2019 до Јуни 5, 2019

Локација: No. 20, Dongting Road, Hexi District, Tianjin City

 

 

Топ 30+1 финалисти, изложба на North Design Union Headquarters – Architectural Design Competition 2019 – Hebei University of Technology

Изложбен период: Од Мај 11, 2019 до Мај 20, 2019

Локација: Exhibition hall of Architectureand Design College, Beichen Campus of Hebei University of Technology

 

 

Топ 30+1 финалисти, изложба на North Design Union Headquarters – Architectural Design Competition 2019 – Tianjin University

Изложбен период: Од Мај 17, 2019 до Јуни 5, 2019

Локација: Exhibition hall of Architecture College of Tianjin University, which is located at Weijin Road, Nankai District, Tianjin City

 

КОМЕНТАР НА ЖИРИТО

 

Zhu Tielin  – Executive architect of Tianjin Architecture Design Institute, Professional designer on Tianjin Engineering Investigation Design Co., Ltd.

Планот користи концепт од типот ветерница за формирање на тродимензионална интерпретација nа двор. Деконструираната канцеларија за различни комбинации може да ги исполни барањата на различни канцелариски групи. Небесната градина формирана помеѓу волумените на единицата обезбедува добро осветлување и вентилација за канцелариите, така што канцелариските единици се независни едни од други. Можност за размена на контакти. Фасадата е едноставна и впечатлива, исто како волшебна коцка која раѓа бесконечни можности.

Дознајте повеќе за тимот и проектот на следниот линк >>>