ДЕБАРМААЛСКА ЕКЛЕКТИКА 1

 

Проектот „Дебармаалска еклектика 1“ е првиот сет од новиот серијал на  разгледници, кои ќе ги третираат „остатоците“ од староградската архитектура на главниот град и републиката.

Еклектичниот израз на градската архитектура од крајот на XIX век, почетокот на XX  век и меѓу воениот период, претставува загрозено амбиетално градителско наследство.

 

 

Во напливот на модерната, постмодерната и постземјотресната обнова на Скопје, овој архитектонски правец најмногу страдаше, до ниво на целосно  негово  игнорирање и потценување поткрепено од строгата мисла на архитектонската теорија за вредноста на стиловите.

Нејзиното не вреднување во локалниот контекст доведе до разрушување  и распаѓање, но и губење на семејни традиции, кои во европскиот контекст значат наследство и престиж.

 

 

Безмилосната обнова на Скопје и немањето чувство од потребата за нејзина заштита во амбиетални целини веднаш по 63та, кога истото имаше поента, логика , а потоа и „презаситувањето“ од современата архитекура, претставува директен импакт кон погрешните носталгични заложби на проектот „Скопје 2014“  и злоупотреба на овој правец.

 

 

Со цел, да не го изгубиме сосем контекстот и да го разбереме значењето на живите примери во архитектурата, ја иницираме итната потреба од заштита на овие објекти, нивно реконструирање и зачувување како дел од градителското наследство.

 

Сетот го третира Дебар Маало, бидејќи е место во Скопје каде има најголема концентрација на ваквиот тип објекти. Разгледниците овој пат не ги носат имињата на авторите и годината на изградба, но иницираат желба самите да ги пронајдете и доживеете одново.

 

 

Проектот е подржан од Град Скопје, со годишната програма за проекти од полето на културата за 2019 година.

 

Автор: Филип Конески

Фотографиии:  коавторство на Филип Конески и Борис Јурмовски

Дигитализиција на фасада на  опаковка : Ноеми Чаусидис

Година: 2017-19