Town House / Радо Инженеринг
26.11.2019 • XXI век
Автори: Пако Радовановиќ, Арсенија Поповска Радовановиќ, Ѓоко Радовановиќ, Стефан Матески
Година: 2019
Локација: Скопје
Површина: 850м2
Фотографија: Васе Аманито
Објектот е градска куќа, сместена во близина на централно градско подрачје, во опкружување од ниска станбена стуктура на објекти.
Околностите создадени од урбанистичките параметри и барањата на инвеститорот, сугерираа потреба од поголема зелена површина, која, во недостаток на двор, е надокнадена со интерполирање на градина на кровот на објектот.
Куќата се состои од две станбени единици на засебни нивоа со заеднички влез и комуникации. Секој од становите располага со добро димензионирани основни станбени содржини, како дневен престој со трпезарија и кујна од отворен концепт, три спални соби и тоалети.
Во подкровниот простор е сместен мал спа центар, надворешен простор за забава, опкружен со кровна градина. Подрумскиот простор ги прифаќа неопходните технички содржини, како и гаражирањето на неколку автомобили.
Автор на статија: Filip Koneski
Town house / Арсенија Поповска Радовановиќ / Гратска куќа / Ѓоко Радовановиќ / Пако Радовановиќ / РАДО Инженеринг / Стефан Матески