Доделување на Голема годишна награда за 2019 година
26.12.2019 • Информации
Големата годишна награда на ААМ, согласно чл.41 од Статутот на ААМ, се доделува за најуспешно реализирано архитектонско дело во тековната година.
Покровител на наградата е Претседателот на Република Северна Македонија.
Право на учество имаат сите архитекти со завршен VII степен на образование кои се државјани на Република Северна Македонија, а право на пријавување на учесници имаат и сите правни и физички лица во Република Северна Македонија.
Селектираните трудови од страна на комисијата се изложбен материјал за илустрација на самиот чин на доделувањето на наградата.
Се предвидува Големата годишна награда на ААМ, на лауреатот традиционално да му ја додели Претседателот на Република Северна Македонија на свеченост организирана во Музеј на Град Скопје на 26.12.2019 г. (Четврток) со почеток во 19:00 часот, со следната содржина:
• отворање на свеченоста, Претседател на ОУ на ААМ, арх. Мартин Пановски,
• извештај на Претседателот на комисијата проф. Мишко Ралев,
• обраќање на Претседателот на РСМ г-дин Стево Пендаровски, со прогласување и врачување на наградата,
• обраќање на наградениот автор,
• коктел.
Особена чест и задоволство ни претставува Вашето присуство.
Автор на статија: Vase Amanito