„Архитектура Нова“ со изложба во Венеција

Македонското архитектонско студио “Архитектура нова” е дел од годинешната архитектонска изложба “Time Space Existence” која ја организира Европскиот културен центар во Венеција, во рамките на Венецијанското биенале за архитектура 2025. Проектот со кој учествува е насловен “Cultivating landscape”.

Изложбата ќе биде поставена во палатата Мора во Венеција, и ќе трае во периодот од 10 мај  до 23 ноември, 2025 година.