ЈАВЕН ПОВИК за предлагање на можни добитници на наградата “Андреја Дамјанов“ за 2022г.

 

Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) секоја година ја доделува
наградата „Андреја Дамјанов“ за животно дело од областа на архитектурата и
градителството. Наградата се доделува на државјанин на Р.Северна Македонија,
како признание за животно дело, особени достигнувања и личен придонес во
развојот на архитектурата и градителството.

Право на поднесување на предлог за можни добитници на наградата “Андреја
Дамјанов“ имаат членовите на ААМ.

Предлогот треба да содржи куса биографија на кандидатот, детална
професионална биографија со листа на референци со сите дела од областа на
архитектурата и градителството со кои што кандидатот придонел за вкупниот развој
на струката. Во листата на референци се наведуваат особените остварувања:
изведени објекти, архитектонски проекти, урбанистички планови, изложби, студии,
научни трудови, публикации, книги, награди и признанија.

Рокот за поднесување на предлозите е 28.10.2022.

Пристигнатите предлози, според чл: 7 од Правилникот за доделување на наградата
“Андреја Дамјанов“, ќе бидат разгледани од петчлена комисија избрана од
Управниот Одбор на ААМ. Еден член на комисијата е од редот на добитниците на
наградата “Андреја Дамјанов“.

Добитникот на наградата “Андреја Дамјанов“ станува член на Архитектонската
Академија на ААМ.

Предлозите се доставуваат исклучиво преку e-mail: kontakt.aam@gmail.com
Сите заинтересирани информации можат да добијат на
тел.: 076 350 336; e-mail: kontakt.aam@gmail.com

 

Автор на статија: