Македонската споменична архитектура во улога на сценографија

За Македонската споменична ахритектура, воопшто и југословенската, веќе подолго време говориме и се трудиме да ја варолизираме што повеќе. Истата е забележана на интернационално ниво, особено во професионалните кругови, она што следи е нејзино соодветно место во учебниците по историја на ахритектура.

Нејзината вонвременска димензија, скулпторалност и потенцијал  допрва ќе се открива.  Постојат многу креативни насоки, како овие ремек дела можат дополнително да се екплоатираат ( музика, сценографија, графички дизајн, уметност, филм, културни настани …. )  Го чекаме моментот кога истата ќе се појави на филмското платно како сценографија од некој научно-фантастичен филм.

 

Монтажа: Филип К.   2016 година ( Star Wars  vs Велешка Костурница)

 

Додека работиме на тоа да ги инспирираме луѓето во оваа индустрија :D, се појави музички запис на  Katerinha  од Берлин, Германија ( инаку по потекло од Македонија ) ,  за песната Trippin во кој главните кадри се снимени кај Македониумот во Крушево и Велешката Костурница, како и локации од Србија и Босна и Херцеговина.

 

Автор: Katerinha

Продукција: Àbáse, jazzbois

Микс и мастер : Tamás Czirják

Актери: Exocé Oob Kasongo & Astan Meyer Directed

Режија: Milena Viitman

Кинематографија: Vladimir Dimoski

Фотографија : Kimani Schumann

Шминка: Cult Sup

Кореографија: Exocé Oob Kasongo, Astan Meyer & Katerinha

 

Уживајте !

Автор на статија: