Конкурс за идејно решение за уредување на партерот зад трговските центри „Бисер“ и „Капитол“

Полн наслов: Конкурс за избор на идејно решение со изработка на основен проект за хортикултурно и партерно уредување на скверови за потребите на Општина Аеродром
Рок: до 16ти Јули, 2020
Награди: 
1 место / 100.000 денари,
2 место/ 50.000 денари,
3 место/ 30.000 денари
Целта на конкурсот е да се добијат современи партерни решенија ( санација и рехабилитација), за архитектонско и хортикултурно уредување на посочените две локации:
1.  Центар 1 /  позади Т.Ц. „Капитол“  со вкупна површина од 4845 м2;
2.  Центар 2 / позади Т.Ц „ Бисер“ со вкупна површина од  5990 м2;
Критериуми по кои ќе се бодуваат пристигнатите решенија се:
1. Почитување на програмски барања 20 бода;
2. Изводливост и одржување 20 бода;
3.  Инвентивност во пристапот на обликувањето 20 бода;
4. Економичност 20 бода;
5.  Задоволување на сите акти за проектирање и планирање 20 бода.
Детално за конкурсната документација, расписот и условите можете да дознаете на страната на  e – nabavki.gov.mk