К О Н К У Р С : “Во имагинарниот свет на децата“

К О Н К У Р С за избор на 2 (две) идејно-обликовни и архитектонсkо –урбанистички решенија на едукативни просторни инсталации и реализација во зелениот појас во Општина Кисела Вода Скопје и Општина Аеродром на тема “Во имагинарниот свет на децата“

 

Организатор: Град Скопје

Рок на предавање на трудовите: 09.03.2020

Награди (бруто) : Две први места  x 70.000 денари

 

Конкурсот е јавен и анонимен и на истиот имаат право да учествуваат сите правни и физички лица.  Еден автор или група, може да учествува со по едно решение за двете локации. Целата коресподенција се одвива на македонски јазик.

Предмет на конкурсот е дизајн на две просторни инсталации на тема „Во имагинарниот свет на децата“ , од кои едната ќе биде поставена во Населба Ново Лисиче, додека другата во Драчево, во склоп на зелените површини.

 

Ново Лисиче

 

Едукативните просторни инсталации треба да претставуваат тридимензионални искази во отворениот простор. По својата природа тие треба да бидат хибриди, односно во нив треба да ги обединат перформансите на скулпторното изразување кое ќе придонесе во амбиенталната целина на паркот, без да  адресира единствено на една група  корисници, туку на поширок спектар корисници.

 

Драчево

По завршување на конкурсот Град Скопје како договорен орган ќе спроведе постапка за доделување на договор за јавна набавка за услуга со цел идејните решенија за просторните инсталации да се изработат  и да се постават .

За учество во понатамошната постапка, учесникот на конкурсот мора да ги исполнува  критериумите за утврдување на нивната способност.

За подетални информации користете го изворот >>>

насловно фото >>>

Автор на статија: