Скопје е без локали за забава по полноќ
27.05.2026 • Став
Насловна фотографија / Извор >>>
Скопскиот ноќен живот повеќе од една година забрзано се распаѓа, додека во континуитет повеќе од 15 години. Причини за истото се повеќе фактори. Почнувајќи од немилите настани во Кочани каде загинаа повеќе од 60 луѓе, преку изградбата на Луна Паркот, ненадејни случувања со дел од сопствениците на ноќните клубови како и тековните реконструкции на објекти.
Ноќен клуб „Маракана“ ( Извор >>> ) / „Балет“ ( Извор >>> )
Скопје загуби повеќе летни дискотеки во Градскиот Парк, ја загуби Маракана – легендарен рок клуб со карактеристичен ентериер во масивно дрво и можеби со најдолго опстојување во континуитет, Скопје го изгуби “Балет” легендарното место за продолжување на забавата до утринските часови. Поради поголемата претпазливост од пожари и недоволните можности за евакуација, беа затворени и зимските дискотеки -1, Епицентар, додека по новогодишните празници затворија и дискотеките 12/12 и Станица 26 за кои не го знаеме исходот.
Разрушени летните дискотеки во Луна Парк
Дискотека „Pure“ / Извор >>>
Ноќниот живот се сведе на една активна дискотека “Pure“ и од скоро новата летна “Хавана“. По 1 часот нема каде да продолжите со забава ниту како да им објасните на туристите и светските патници, дека градот не функционира по 1 часот. Ноќниот живот го држат скопските локали, со добра програма на локалните диџеи, кафаните и кафеата. Тоа е посебен мирис на Скопје и добар идентитет, но тоа трае до полноќ или за викенди до 1 часот, каде музиката веќе половина час пред тоа е изгасена.
Во минатото Скопје беше и најдоброто место за забава на целиот Балкан. Луѓе специјално доаѓаа на викенд во Скопје
Летен клуб „Кабрио“ / Ателје Ајвар 1999 год.
Во 2000тите години со експанзијата на домашната поп сцена, градот го памети својот зенит, кога постоеа „Елемент“, „Ла Фабрик“, дискотеката во Дом на градежници или зимското Колосеум, Кастро, Танге, Парадизо, Вега, Вулкан, Булевар, Кабрио, B2 и многу други… Скопје во тоа време имаше техно сцена, транс сцена, хип хоп и рап, рок сцена, панк, ска и реге… во Скопје имаше буквално се.
Клуб “Кастро“ / Извор >>>
Во една вечер се случуваа по неколку настани од светската сцена, МКЦ работеше со полна пареа, постоеше и Хард Рок, постоеше Саемот, Чаршијата со Капан Ан и уште 10тина други локали таму кои веќе не постојат (Култната Менада). Во зенитот, транс сцената особено откриваше алтернативни места за гостување на големите светски имиња. Често се случуваа журки во Хотел Водно, во Хамзи Пашините Конаци, Хотел Белви, МНТ. За 20 години овој град се промени повеќе од сватливото, небаре нова природна катастрофа го фатила.
Таксират 2018 – Метрополис Арена – Скопски Саем / Извор >>>
Ноќниот живот е дел од културата на едно општество, особено на алтернативната. Тоа е силна економска гранка, која е привлечна и за странските туристи. На Скопје му недостасува сериозен пристап, бидејќи неговиот потенцијал е огромен. Во Скопје постојат места што треба да се реоткријат, а доколку алтернативната сцена се разбираше како историја на градот, некои од овие места ќе беа и заштитени или подржани. Во минатото постоеа неделни емисии, кои ги интервјуираа светските диџеи кои со воодушевување зборуваа за скопската публика.
Стариот летен клуб „Хавана“ сега веќе срушен / Извор >>>
Градот треба да најде начин да го субвенционира ноќниот живот, да го промени работното време на локалите и да се залага за мотивирање на локалниот бизнис. Тоа не значи безредие, туку јасни правила и отворени можности.
Време е урбанизмот и локалните власти, ноќната забава и угостителството да го стават во една посебна категорија, преку стратегија подржана од државата.
Автор на статија: Filip Koneski
Дискотека / Забава / Клуб / Локал / Ноќен живот / После 1 / Скопје









