Конкурс за избор на идејно решение за Затворен пливачки базен во Општина Свети Николе
16.07.2020 • Конкурси
Рапишува: Општина Свети Николе
Рок: 12.08.2020 / до 12:00
Награди: Прва награда во бруто износ од 35.000 денари, – Втора награда во бруто износ од 15.000 денари, -Трета награда во бруто износ од 10.000 денари.
Општина Свети Николе, распишува Конкурс за избор на идејно решение за затворен градски базен. Целта е развивање на спортот и рекреацијата на населението на територијата на Општината, како и натпревар кај младите во пливачките спортови преку цела година.
Градски базен во Свети Николе 1952 година / Извор >>>
Во програмските барања е наведено дека се барат два базени, од кои едниот треба да достигне 25 метри должина со длабочина од 2 m, и еден за почетници со длабочина од 0.8 m-1.2 m. Сите пропратни содржини што треба да ги содржи базенот треба да се следат од правилниците и воспоставената практика ( машки и женски гардероби, санитарни јазли, простори за опрема итн.) задоволувајќи ги сите барања на FINA ( Светска пливачка федерација).
Во конкурсот се наведени и посебни конструктивни и урбанистички барања.
За детален преглед на конкурсната документација следете го изворот, на системот за јавни набавки >>>
Автор на статија: marh